Од денеска граѓаните можат да ги земат од аптеките новите лекови од позитивната листа
Од денеска пациентите ќе можат бесплатно да ги земаат во аптеките. Министерот Таравари најави дека на секои три до четири месеци ќе има надополнување од плус еден, два или три лекови...

9-те лекови на проширената листа, за висок крвен притисок, срцеви заболувања, антиагрегати, за третман на депресија и деменција, од денеска пациентите ќе можат бесплатно да ги земаат во аптеките. Министерот Таравари најави дека на секои три до четири месеци ќе има надополнување од плус еден, два или три лекови.
Последното проширување на листата беше пред 10 години. Таравари ги повика заинтересираните фармацевтски фирми и производители да конкурираат и да бидат активни и да им сугерираат, за како министерство и влада да бидат што потранспарентни и резултатот да биде што подобар за сите граѓани.
