Воздухопловство

Комитетот за истрага за воздухопловни несреќи го испитува можниот судир на два авиона над Скопје

16.09.2024 09:24

Комитетот за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти влегува во Македонска навигација...

Комитетот за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти влегува во Македонска навигација. Ќе истражува за безбедносниот настан на седми месецов над Скопје, кога бил избегнат судир меѓу два цивилни авиона. Ќе ги преслушаат снимките од комуникацијата меѓу контролорите и пилотите, и ќе ги прегледуваат видеозаписите.

Доколку има елементи на кривично дело, и Обвинителството ќе се вклучи во истрагата. Според Здружението на контролори на летање, прогласувањето на настанот за сериозен инцидент, без проверка на факти не оди во прилог на правично расветлување на случајот и дека алатката Флајт-радар 24, која го следи движењето на сите авиони во светот, не е релевантна за давање точна позиција во реално време.

Пилотите на авионите на Туркиш ерлајнс и Сан-експрес успеале да реагираат за неколку секунди, да се разминат на околу 300-та метри висинска разлика и да спречат огромна катастрофа.