ЦУК: Во последното деноноќие три интервенции врз пожари на отворено
Како што не известија од ТППЕ Струмица нема константно горење, туку се појавува горење на сува лисната маса, борови иглички и падната лисната маса што е со дебелина од 20 до 30 см. Направен е безбедносен противпожарен ПП појас околу пожарот...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имаше пријавено три (3) интервенции врз пожари на отворено, покрај интервенциите врз пожари во урбани средини и населени места, на територијата на државата.
Конкретно, Регионалниот ЦУК Струмица, известува дека пожарот кој започнал во 14:53 часот во саботата (14.09.2024 година) помеѓу с. Белотино и с. Рич е локализиран. Како што не известија од ТППЕ Струмица нема константно горење, туку се појавува горење на сува лисната маса, борови иглички и падната лисната маса што е со дебелина од 20 до 30 см. Направен е безбедносен противпожарен ПП појас околу пожарот за да не се шири. Во интервенцијата учествуваа ТППЕ Струмица со 3 пожарникари и 1 возило и 3 вработени во ЈП „Национални шуми“ подружница „Беласица“ од Струмица.
