Македонското знаме ќе се вее на Елисејските полиња во Париз
14.07.2014 11:54
Дефилето и одбележувањето на Денот на француската република, се во знакот на 100-те години од почетокот на Првата Светска војна...

Франција го одбележува Денот на петтата Француска Република. На Елисејските полиња во Париз е предвидена голема воена парада. За првпат во историјата ќе учествуваат и претставници на Македонската армија, ќе се вее знамето на нашата држава, по покана од францускиот претседател Франсоа Оланд.
Нашата држава ќе ја претставуваат четворица млади франкофони и тројца претставници на Армијата на Република Македонија.
Дефилето и одбележувањето на Денот на француската република, се во знакот на 100-те години од почетокот на Првата Светска војна.
Делегација на Република Македонија, предводена од заменик министерот за надворешни работи Драгана Кипријановска, исто така учествува на свеченото одбележување на стогодишнината од Првата светска војна, што се одржува денеска во Париз.
На настанот е предвидено присуство на 76 меѓународни воени и цивилни делегации од земји учеснички во Првата светска војна.
