Вработените во ЈСП останаа без плата
Вработените во ЈСП останаа без плата. Се заканија и со протест. Од раководството на јавното претпријатие и од Град Скопје бараат исполнување на законските обврски...

Рони Ќерими е 11 години возач во ЈСП. Работи во три смени. Вели секој ден се соочува со различни предизвици. Работата во јавното претпријатие не е ниту малку лесна, објаснува Ќерими. Денеска тој заедно со своите колеги застанаа пред претпријатието и бараат да им биде исплатена платата која доцни, како и секој месец во изминатите две години.
Околу 1.200 вработени во Јавното сообраќајно претпријатие сè уште немаат добиено плата, а денеска е 16-ти иако законскиот рок за исплата на плати е 15-ти во месецот. Ова не е прв месец вработените во ЈСП да се соочат со ваков проблем.
Дел од вработените се жалат дека постојано се соочуваат со притисоци.
Од ЈСП не ја исклучуваат можноста доколку не се реши проблемот со исплата на платата да излезат на протест со блокирање раскрсница.
Ана Јосифоска-Тодоровска
