Се очекуваат дополнителни три инвестиции до крајот на годината
Мицкоски очекува, како што рече, многу скоро, нов камен темелник на една белгиско-германска компанија. Посочи дека очекува и проширување на капацитетите на компаниите кои се веќе присутни и работат во земјава.

Премиерот Христијан Мицкоски очекува до крајот на годината уште три инвестиции со кои, како што денеска изјави, значително ќе се зголеми економската активност и позитивно ќе се влијае врз растот на БДП.
Мицкоски очекува, како што рече, многу скоро, нов камен темелник на една белгиско-германска компанија. Посочи дека очекува и проширување на капацитетите на компаниите кои се веќе присутни и работат во земјава.
Како Влада ќе сториме сè што е во наша моќ да помогнеме, затоа што нема поголемо задоволство ниту за мене, ниту за членовите на Владата кога ќе отворите ново работно место, кога ќе помогнете уште некој македонски граѓанин да остане тука, наместо да се сели надвор, изјави премиерот Мицкоски во одговор на новинарско прашање.
