УХМР
Од среда пообилни врнежи
16.09.2024 12:50
Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи, информираат од УХМР...

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи, информираат од УХМР. Додаваат дека од среда врнежите наместа ќе бидат пообилни, повремено поројни.
Денеска времето е променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 26 степени.
