Пониски цени на горивата од полноќ
Според новата одлука на РКЕ, Еуросупер БС-95 поевтинува за половина денар, Еуросупер БС-98 за еден денар, а Дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство за денар ипол...

Нови, пониски цени на горивата од полноќ. Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,75%.
Малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-95 се намалува за половина денар, додека цената на Еуросупер БС-98 се намалува за еден денар за литар.
Цените на Дизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство се намалуваат за денар и половина, а малопродажната цена на Мазутот се намалува за 0,989 ден/кг и сега ќе изнесува 41,328 ден/кг.
Максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 67,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 66,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 41,328 (денари/килограм)
