Три нови странски инвестиции до крајот на годината, најави премиерот Мицкоски
Нови германски инвестиции до крајот на годинава, најави премиерот Мицкоски кој денеска имаше деловен појадок со 100-тина компании, во организација на Македонско-германската комора. Неопходно е економско стабилизирање вели тој, а позитивен сигнал е тоа што има зголемено индустриско производство...

Покрај договорените четири, до крајот на годината уште три нови германски инвестиции и проширување на постоечките, најави премиерот Мицкоски. Неопходно е економско стабилизирање вели тој, а позитивен сигнал е тоа што има зголемено индустриско производство. Нашиот најголем трговски партнер е Германија, а тоа го потврдува трговската размена од над 5 милијарди евра. 40 отсто од извозот е токму во оваа земја. Повеќе од 25.000 вработени се во германски компании и се очекува тој број да расте.
Делови за автомобилската индустрија, медицинска опрема, бакарни кабли, се дел од производите кои Германија најмногу ги увезува од Македонија. Неопходно е инвестирање во обновливи извори на енергија и задржување на стручниот кадар во земјава-порачува претседателката на Германско-македонската бизнис-комора.
Во првата половина од годината Македонија покрај во Германија извезувала и со Велика Британија, Грција, Кина и Србија. Извозот во првата половина од годината во споредба со истиот период од минатата бележи пад од околу 8 отсто.
Александра Велинова
