ЕСM Дистрибуција на топлинска енергија

Новите објекти во Кисела Вода конечно се приклучуваат кон системот за централно греење

16.09.2024 15:36

Поради неажурноста и неодговорноста на претходното раководство, топловодот не бил реализиран неколку години, но конечно новото раководство наиде на разбирање и решение за овој проблем со изградба на нов секундарен топловод.

Новиот директор на ЕСМ Дистрибуција на топлинска енергија, Петар Милетиќ, оствари средба со засегнатите страни со цел да се реши прашањето за приклучување кон системот за централно греење во новоизградените и објектите кои се во изградба на потегот помеѓу бул. „Борис Трајковски“ и улиците „Михаил Чаков“, „Народни Херои“ и „Лазар Димитров“.

Поради неажурноста и неодговорноста на претходното раководство, топловодот не бил реализиран неколку години, но конечно новото раководство наиде на разбирање и решение за овој проблем со изградба на нов секундарен топловод.

Со изградбата на секундарниот топловод ќе се создадат услови за приклучување кон системот за централно греење. Инвеститорите на објектите согласно нивните обврски, конечно ќе можат да ја завршат постапката за приклучување на објектите кон системот за централно греење, соопштуваат од ЕСM Дистрибуција на топлинска енергија.