ООН: До 2050 година уште 2,5 милијарди луѓе ќе се доселат во градовите

14.07.2014 12:35

Во наредните три децении бројот на нови жители во градовите ќе се зголеми уште за 2,5 милијарди. 37% од растотот го чинат Индија, Кина и Нигерија...

Според извештајот на Организацијата на Обединетите нации, повеќе од половина од седумте милијарди жители на Земјата живеат во градовите, а до 2045 година бројот ќе се зголеми до 6 милијарди. 
 
Водечки се мегаградовите со над 10 милиони жители како Токио, Њу Делхи, Шангај, Сиудад Мексико и Сао Паоло. Во наредните три децении бројот на нови жители во градовите ќе се зголеми уште за 2,5 милијарди. 37% од растотот  го чинат Индија, Кина и Нигерија. Во Индија бројот на жители ќе се зголеми за 404 милиони луѓе, во Кина за 292 милиона, а во Нигерија за 212 милиони.
 
Со оглед на растот на урбаната популација, главна грижа и предизвик за овие земји се основните услуги како здравствената заштита, образованието, живеалиштата, инфраструктурата, превозот, енергијата и вработувањето.
 
Урбаната популација брзо се зголемува- во 1990 г. имаше само 10 мегаградови, а денес се 28, речиси трипати повеќе. Шеснаесет се во Азија, 4 во Латинска Америка, по три во Африка и во Европа, и два во Северна Америка. 
 
Токио има најмногу жители -38 милиони, потоа Њу Делхи со 25 милиони. На трето место е Шангај со 23 милиони. СиудадМексико, Мумбај  и Сао Паоло се со околу 21 милион жители.
 
Градската површина на Њујорк кој во 1990 беше трет најголем град на светот сега е на деветто место, а се очекува до 2030 да се најде на четиринаесетто место поради фактот што градовите им се попривлечни на луѓето во земјите во развој. 
 
Соња Стојановска