Србија

Белград воведе автоматска детекција на прекорачување на брзината

16.09.2024 16:24

Од денеска, во главниот град на Србија, Белград, на неколку локации почна да се преминува систем за автоматска детекција на прекорачување на брзината...

Од денеска, во главниот град на Србија, Белград, на неколку локации почна да се преминува систем за автоматска детекција на прекорачување на брзината.

Станува збор за четири локации, каде што дозволената максимална брзина е 50 километри на час.

Системот ќе се применува на булеварот Михајло Пупин на Бранков мост, раскрсницата меѓу булеварот Никола Тесла и улицата Ушче, на раскрсницата помеѓу улицата „Антифашистичка борба“ и „Јуриј Гагарин“, и на Булеварот „Крал Александар“.

Казните ќе стигнуваат на домашна адреса, а доколку сопственикот на возилото не го управувал возилото, ќе биде повикан да објасни кој управувал со возилото и кој го направил прекршокот. Ова важи и за странските државјани.