Скопје

Град Скопје демантира дека вработените во ЈСП не зеле плата

16.09.2024 17:33

Од Град Скопје реагираат на денешното соопштение од Синдикатот на приватниот, административниот и јавниот сектор - СПАЈС, поврзано со ненавремената исплата на платите во ЈСП...

Од Град Скопје реагираат на денешното соопштение од Синдикатот на приватниот, административниот и јавниот сектор, СПАЈС,  поврзано со ненавремената исплата на платите во ЈСП.

„Зачудувачки е како само неколкумината во синдикатот СПАЈС сè уште немаат добиено плата. Имено, заклучно со денес сите вработени во ЈСП ги добија септемвриските плати. Причините за ширење на лаги и невистини од страна на СПАЈС за нас се непознати, а не сакаме да веруваме дека станува збор за политички мотивирани дејствија. Со ова, во целост ја демантираме информацијата на овој синдикат“, велат од Градот, веројатно мислејќи да соопштат дека се исплатени августовските, а не септемвриските плати“, велат од Град Скопје.