НЕВРЕМЕ
Расте бројот на загинати и исчезнати во поплавите во централна Европа
16.09.2024 18:28
Расте бројот на загинати во поплавите што ја зафатија централна Европа. Десетици жртви се регистрирани во Чешка, Романија и Австрија...

Расте бројот на загинати во поплавите што ја зафатија централна Европа. Десетици жртви се регистрирани во Чешка, Романија и Австрија. Голем број луѓе сè уште се водат за исчезнати додека илјадници се евакуирани. Властите во погодените подрачја прогласија состојба на катастрофа.
Поради зголемениот водостој на реките, над сто луѓе останаа заглавени на крстаречки брод на Дунав во Виена. Силната бура што го зафати регионот остави четвртина милион домови без струја, а многу патишта сè уште се непроодни.
