Петиција

„Студентски отпор“ реагира на зголемените давачки на УКИМ

16.09.2024 18:55

Младинското движење на студентите кое се бори за подигнување на студентскиот стандард во земјава „Студентски отпор“ денеска соопшти дека покренува петиција за новите повисоки давачки за студирање.

Младинското движење на студентите кое се бори за подигнување на студентскиот стандард во земјава „Студентски отпор“ денеска соопшти дека покренува петиција за новите повисоки давачки за студирање.

„Оваа петиција е апел до надлежните веднаш да ги укинат неразумните трошоци! вие неправди, некоректност и изживување со македонскиот студент нема да ви ги премолчиме“, се вели во соопштението од „Студентски отпор“.

Оттаму посочуваат дека оваа академска година почнува со нови повисоки давачки за студентите од околу 5.000 денари без, како што наведуваат, никаква најава и консултација со студентите при УКИМ.

„Недозволиво е досегашните неоправдани високи цени за студирање да се надоградуваат со уште понеразумни трошоци. Наместо да се преиспитаат досегашните давачки и младите да се мотивираат за високо образование и просперитет во Македонија – надлежните зададоа уште еден удар по и така катастрофалниот студентски стандард“, стои во соопштението.