Добрососедство

МНР му врачи протестна нота, бугарскиот амбасадор одбил да ја прими

16.09.2024 20:08

МНР го повика бугарскиот амбасадор во земјава да даде одговори, зошто не беше истакнато македонското знаме...

Дипломатски скандал или ненамерен пропуст? Македонија и Бугарија различно ја толкуваат посетата на македонската делегација на чело со претседателката Силјановска-Давкова во Софија. МНР го повика бугарскиот амбасадор во земјава да даде одговори, зошто не беше истакнато македонското знаме. Според последните информации, бугарскиот амбасадор одбил да ја прими протестната нота, Игор Панов со повеќе информации од Министерството за надворешни работи.