Македонија

Министерот Муцунски очекува извинување од Бугарија

16.09.2024 21:56

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, очекува извинување од соседна Бугарија оти беше изоставено поставувањето на македонското знаме при средбата на претседателката Гордана Силјановска Давкова и нејзиниот колега Румен Радев во Софија.

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, очекува извинување од соседна Бугарија оти беше изоставено поставувањето на македонското знаме при средбата на претседателката Гордана Силјановска - Давкова и нејзиниот колега Румен Радев во Софија.

„Доколку другата страна пристапува во бона фиде, како што ние пристапуваме, тогаш природно е по ваква протоколарна грешка да се извини и може да каже дека беше грешка и дека не била целта каква било форма на навредување или меѓусебно понижување“, рече шефот на дипломатијата во интервју за „360 степени“ на МРТ.

Според Муцунски, отсуството на реакција веднаш по средбата се должи на авионската несреќа која се случи во Бугарија неколку часа претходно.

Попладнето во МНР беше повикан новоименуваниот бугарски амбасадор во земјава, Желјаско Радуков, за да му биде врачена протестна нота по случајот со неистакнувањето на македонското знаме на претседателската средба во Софија. Радуков, како што потврди МНР, одбил да ја прими протестната нота.