Зеленски: Борби се водат во седум правци
Посочи дека сè уште се водат борби во седум правци, а најтензична е ситуацијата во правец на Курахово...

Руски војници ослободиле две населби во Курската област-тврди Москва додека Зеленски вели дека операцијата се одвива по планот. Посочи дека сè уште се водат борби во седум правци, а најтензична е ситуацијата во правец на Курахово.
„Најинтензивни борби се одвиваат во правците Курахово и Покровск. Ги браниме нашите позиции. Детално ја разгледавме операцијата Курск, дејствуваме според планот“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Зеленски додава дека ветената странска помош за опремување 14 нови бригади не била доволна ниту за четири. Додека САД ги решаваат бирократските пречки за да обезбедат воена помош за Киев, првиот човек на НАТО Столтенберг вели алијансата нема да стане учесник во конфликтот во Украина, ако земјите на западниот воен пакт му дозволат на Киев да изведува напади на територијата на Русија со западно оружје. Оцени дека во Украина нема да има долгорочен мир, додека Киев не стане дел од НАТО.
