САД

Експлозија и пожар на нафтовод во Хјустон

17.09.2024 08:22

Повредени се четири лица, а населението во областа евакуирано. Полицијата соопшти дека станува збор за изолиран инцидент...

Експлозија и огромен пожар изби на нафтовод во близина на Хјустон откако возило проби низ заштитната ограда и удри во надземен вентил. Повредени се четири лица, а населението во областа евакуирано. Полицијата соопшти дека станува збор за изолиран инцидент.

Иако гасот бил веднаш исклучен, во цевководот останало толку многу што пожарникарите и покрај сите напори, не можеле да сторат ништо друго освен да набљудуваат огнот да догори додека ги уништува соседните домови.

Од контролата за воздух велат дека честичките од чадот засега се умерени и не претставуваат ризик по здравјето на луѓето.