МНТ

Отворање на летната сцена „Славиша Кајевски“ на МНТ со „Црнила ремикс“

17.09.2024 08:51

Вечер ќе биде отворена летната сцена „Славиша Кајевски“ на Македонскиот народен театар (МНТ). Режисер на ова современо читање на драмското дело „Црнила“ од Коле Чашуле, е Јордан Симонов кој заедно со Дарко Димитриевски и Павле Димковски од рап-колективот „Зад аголот“ го поставија овој проект во современ...

Со музичкото драмско дело/рап-перформансот „Црнила ремикс“, вечер ќе биде отворена летната сцена „Славиша Кајевски“ на Македонскиот народен театар (МНТ). Режисер на ова современо читање на драмското дело „Црнила“ од Коле Чашуле, е Јордан Симонов кој заедно со Дарко Димитриевски и Павле Димковски од рап-колективот „Зад аголот“ го поставија овој проект во современ.

Актерската екипа ја сочинуваат Стефан Вујисиќ, Александар Михајловски, Владимир Петровиќ, Горан Ников, Ненад Анѓелковиќ, Сања Арсовска и Павле Димковски – колектив „Зад аголот“.

Ова оригинално сценско дело има настапувано на повеќе домашни и меѓународни фестивали меѓу кои и на „Егзит“, а за најдобра употреба на музика ја доби наградата на меѓународниот театарски фестивал за џез „Нишвил“ во Србија. Претставата е во продукција на МКЦ.