ИЗРАЕЛ

Нетанјаху: Враќањето на Израелците на северот на земјата е воена цел

17.09.2024 10:13

Нетанјаху соопшти дека враќањето на жителите на северот на земјата, од каде што побегнаа поради секојдневното прекугранично пукање од страна на Хезболах, сега е меѓу воените цели на неговата влада...

Израелската влада објави дека Хезболах е нивната нова цел. Нетанјаху соопшти дека враќањето на жителите на северот на земјата, од каде што побегнаа поради секојдневното прекугранично пукање од страна на Хезболах, сега е меѓу воените цели на неговата влада.

Израелските сили и либанската вооружена група поддржана од Иран разменуваат напади речиси секојдневно, откако големиот напад на Хамас во Израел на 7-ми октомври предизвика смртоносна војна во Појасот Газа.