Шумски пожари во Португалија, најмалку три лица загинаа
Чадот од пожарите го прекри небото над туристичкиот град Авеиро и другите градови во областа, а властите ги повикаа луѓето да останат дома и да се снабдат со вода. На северот од земјата почна евакуација на населението...

Најмалку три лица загинаа, а 17 се повредени во шумските пожари кои беснеат низ Португалија. Чадот од пожарите го прекри небото над туристичкиот град Авеиро и другите градови во областа, а властите ги повикаа луѓето да останат дома и да се снабдат со вода. На северот од земјата почна евакуација на населението. Речиси 3.500 пожарникари, војници и припадници на цивилната заштита се борат со огнената стихија. Затворени се неколку автопати.
Премиерот Луиз Монтенегро ги одложи сите ангажмани поради пожарите. По барање од Лисабон, Шпанија, Франција, Италија и Грција испратија по два авиони за гаснење на пожарите.
