Финансиска поддршка

Владата исплаќа милијарда денари за заостанати субвенции од претходната влада

17.09.2024 10:37

Над 9.000 земјоделци ќе ги добијат своите заслужени средства како поддршка за своето производство. Кај дел од нив се доцни дури четири години со исплатата, велат од Владата.

Издвоени се една милијарда денари за исплата за заостанати субвенции за земјоделците, информираат од владината прес- служба. Над 9.000 земјоделци ќе ги добијат своите заслужени средства како поддршка за своето производство. Кај дел од нив се доцни дури четири години со исплатата, велат од Владата.

Првата одлука на оваа Влада беше со ребалансот да се обезбедат средства и до крајот на годината нема да има субвенции со кои се доцни кај земјоделците. Домаќинското и посветено работење на Владата ќе придонесе значајна поддршка за земјоделското производство. На овој начин се исправаат и неправдите кон земјоделците кои со својот труд печалат за себе и своите семејства- стои во соопштението.