Министерство за спорт

Обезбедени средства за реконструкција на спортската сала на УКИМ

17.09.2024 10:57

Министерството за спорт соопшти дека се обезбедени средства за реконструкција на спортската сала во општествениот кампус на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ)...

Во Ректоратот на УКИМ вчера се одржал состанок на кој присуствувале министерот за спорт Борко Ристовски и ректорката Биљана Ангелова.

Министерството за спорт соопшти дека се обезбедени средства за реконструкција на спортската сала во општествениот кампус на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ). На состанокот бил утврден акционен план за реализација на проектот за ставање во употреба на спортската сала „Св. Кирил и Методиј“ во кампусот на Универзитет.

Како што соопштија од Министерството, целта е оваа сала во која настава ќе изведуваат студентите на Универзитетот, во најкраток можен рок да биде ставена во функција.

Во салата ќе се изведува настава за над 1.500 студенти на Универзитетот.