Донација за опожарените во Циглана
120 ќебиња, пакети со храна, средства за лична хигиена, донација од Дирекцијата за заштита и спасување за семејствата на кои викендот домовите им се претворија во пепел во Општина Бутел. Ќе има дополнителна помош за оние кои за неполни 15 минути останаа без покрив над главата. „Ќе се обидуваме и понатаму, ќе обезбедиме основни средства да се санираат работите. Сместувањето во Љубанци не покажа добри резултати бидејќи граѓаните одат на работа, децата на училиште“- вели Шабан Салиу, директор на Дирекцијата за заштита и спасување. Денеска зборувше уште еден сведок на настанот.
120 ќебиња, пакети со храна, средства за лична хигиена, донација од Дирекцијата за заштита и спасување за семејствата на кои викендот домовите им се претворија во пепел во Општина Бутел. Ќе има дополнителна помош за оние кои за неполни 15 минути останаа без покрив над главата. „Ќе се обидуваме и понатаму, ќе обезбедиме основни средства да се санираат работите. Сместувањето во Љубанци не покажа добри резултати бидејќи граѓаните одат на работа, децата на училиште“- вели Шабан Салиу, директор на Дирекцијата за заштита и спасување. Денеска зборувше уште еден сведок на настанот. Енвер Асан, еден од соседите, вели дека сликата од тоа утро нема никогаш да ја заборави. Семејствата што остаана без куќи беа згрижени во државниот камп во Љубанци, а добија и еднократна парична помош од општината.
Ана Јосифоска
