мвр

Претрес во Куманово, приведен дилер, пронајдена дрога

17.09.2024 11:16

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела и кафеава прашкаста материја и дигитална вага...

Вчера во 20.45 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.И.(41) од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела и кафеава прашкаста материја и дигитална вага.

Б.И. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава. информираат од МВР.