Политика
Орбан следната недела во посета на земјава
17.09.2024 11:38
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан следната недела ќе биде во посета на Македонија, најави министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски во интервјуто за „360 Степени“...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, во интервју за „360 степени“ потврди дека унгарскиот премиер Виктор Орбан ќе допатува во посета во земјава до крајот на тековниот месец.
Според информациите Орбан ќе биде во дводневна посета на Охрид, каде ќе биде дочекан од премиерот Христијан Мицкоски.
Посетата би требало да се случи на 26-ти и 27-ми месецов.
