Стразбур

Урсула Фон дер Лајен го објави новиот состав на Европската комисија

17.09.2024 12:22

Урсула Фон дер Лајен во Стразбур, го претстави предлог-составот на новиот колеџ на комесари и распределбата на ресорите со кои ќе раководат...

Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен во Стразбур, го претстави предлог-составот на новиот колеџ на комесари и распределбата на ресорите со кои ќе раководат. Марта Кос од Словенија ќе биде еврокомесарка за проширување.

Тимот на Фон дер Лајен ќе има две командни нивоа, со пет извршни потпретседатели и комесари. Естонката Каја Калас ќе биде задолжена за надворешната и безбедностаната политика, Австриецот Магнус Брунел за внатрешни работи и миграција.

Место има и за поранешната шефица на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева, која ќе биде комесар за стартапи, истражување и иновации.