Македонија

Само 17 проценти од жените Ромки се вработени

17.09.2024 12:28

Само 17 проценти од жените Ромки се вработени, тројно помалку споредено со другите заедници. Образованието е најголемиот проблем, но и дискриминацијата сè уште е присутна во нашето општество …

„Образованието е темел на сè“, порачува 28-годишната економистка Сибела, која била избрана за најдобар студент на генерацијата и на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во 2022-ра година. Во образовниот процес најголема поддршка имала од мајка ѝ, која од финансиски причини не можела да се образува. Признава дека постоел страв од дискриминација дека ќе успее да најде работа по завршувањето на факултетот.

17 отсто од жените Ромки се вработени во земјава, што е тројно помалку од националниот просек, кој изнесува 54 отсто. Во Косово интеграцијата на пазарот на трудот на жените Ромки е 25 отсто. Потребно е да се намали зависноста од социјална помош и Ромите да се поттикнат да се образуваат преку индивидуален пристап-вели Божиновска, програмската директорка на Хера.

250 Роми студираат на универзитетите во земјава, се стипендираат и се поттикнуваат да се образуваат-велат од Министерството за социјална политика, демографија и млади.

Нашата земја е единствена во регионот која има подготвено три национални стратегии и акциски планови за унапредување на статусот на жената Ромка по препорака на Советот на министри на Европа.

Александра Велинова