Партии
СДСМ со жестоки критики за Сиљановска Давкова
17.09.2024 12:46
Оттаму сметаат дека со посетата на Софија, која според нив била аметерски подготвена, таа покажала дека нема капацитет да биде шеф на државата.

СДСМ и денеска со жестоки критики за претседателката Сиљановска Давкова. Оттаму сметаат дека со посетата на Софија, која според нив била аметерски подготвена, таа покажала дека нема капацитет да биде шеф на државата.
„Фактот што нашата делегација отишла целосно неподготвена, без никаква координација со протоколот на Радев и без знаење за тоа што е планирано од протоколарни активности, укажува на целосно отсуство на одговорност и професионализам во нејзиниот тим“, велат од СДСМ.
