Од полноќ, пониски цени на бензините

14.07.2014 13:15

Малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 3,39%...

Согласно последанта одлука на Регулаторната комисија за енергетика, малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 3,39%.

Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2,00 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 30.06.2014 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 81,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,50 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 30.06.2014 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 83,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 30.06.2014 година и со тоа цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 67,50 ден/ли, додека цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 56,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,84 ден/кг, во однос на цената утврдена согласно Одлуката од 30.06.2014 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 40,348 ден/кг.

Новите цени почнуваат да важат од ноќеска на полноќ  во следните две недели.