Седмо издание на конференцијата „Културните и креативните индустрии: предизвик за туризмот, културното наследство и економијата“
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска во Музејот на македонската борба се обрати на седмото издание на конференцијата „Културните и креативните индустрии: предизвик за туризмот, културното наследство и економијата“, во организација на Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип...

Силната желба и амбиција не прави разлика дали студирате на универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип или пак студирате на некој универзитет меѓу првите на шангајската листа, вели Славица Ристовска, апсолвент на Факултетот за бизнис и логистика. Таа слика на апатија која честопати се шири меѓу студентите вели, дава една погрешна перцепција дека најпрестижните универзитети во светот, за коишто се потребни огромни средства, нудат поголеми можности од нашите.
Креативните и културни индустрии се исклучително значајни за економијата, вели министерот Љутков. Ќе ги обединат младите во локалните средини, ќе им овозможат и самовработување.
Културните и креативни индустрии се во постојан развој, носејќи нови можности и предизвици. Нудат простор за широка презентација на вештините, имагинацијата и талентот на творците од оваа важна област.
Владата и Министерството за култура и туризам во наредниот период ќе се фокусира на изработка на Нова национална стратегија за културни и креативни индустрии.
Александра Спировска
