Здравство
Прифатена понуда за компресорската станица
17.09.2024 14:17
Министерството за здравство информира дека е донесена Одлука за избор на најповолна понуда на тендерот за компресорската станица...

Министерството за здравство информира дека е донесена Одлука за избор на најповолна понуда на тендерот за компресорската станица. Како што велат, избрана е понудата на понудувачот Винора ДООЕЛ Скопје.
„Договорот ќе биде потпишан во наредниот период, согласно законските рокови. Инсталацијата и монтажата на опремата треба да се изврши во рок од четири месеци, сметано од денот на склучување на договорот, согласно објавените услови во тендерската документација и објавениот Оглас“, додаваат од таму.
