Слободни места има на речиси сите факултети на УКИМ
На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) денес и утре е во тек вториот уписен рок за новите студенти. Слободни места се останати на повеќето факултети, а исклучок се Архитектонскиот и Факултетот за драмски уметности...

Слободни места има, деца нема. Иселувањето го празни најстариот скопски универзитет. На УКИМ местата ги пополнија единствено архитектонскиот и медицинскиот факултет, останатите струки имаат над 100 слободни места. Голем интерес годинава има за изучување на психологијата. За 25 проценти е зголемен и бројот на запишани студенти на градежниот факултет.
Деканот Горан Марковски вели дека дел од инженерите уште пред да завршат со студиите, веќе се вработени во компаниите.
Над 300 студенти помалку од лани и на најбараниот факултет ФИНКИ. Иселувањето и намалувањето на наталитетот клучни зошто е намален бројот на запишани студенти вели професорот на филозофскиот факултет Ратко Дуев. Според него доколку се продолжи со ваквиот тренд, наредните години состојбата ќе биде уште полоша.
И дел од студентите иднината веќе ја гледаат надвор од земјава.
Годинава УКИМ има безмалку 10.000 слободни места, пред 12 години таа бројка беше 12.000. Голем дел од факултетите поради слабиот интерес ги намалија квотите.
Викторија Милевска
