Македонија

Огромен интерес за нега во Домот на стари лица во прилепскиот регион

17.09.2024 14:31

Негата на стари лица и лица со попреченост од проект на Светска банка премина во рацете на државата, односно Министерството за труд и социјална политика. Тоа отвора можности за проширување на услугата зашто е огромен интересот. Има и листа на чекање...

Огромен е интересот во прилепскиот регион за нега во Домот на старите, изнемоштените и лицата со попреченост. Една година услугата на преку 210 лица од три општини: Прилеп, Кривогаштани и Долнени ја нудат 58 негуватели, а на листата за чекање се преку 90 корисници.

Можностите за проширување на услугата се поголеми откако проектот на Светска банка го презеде Министерството за труд и социјална.

Чекор напред е што услугата е бесплатна за корисниците, но потребен е ангажман на негуватели.

 

Елизабета Митреска