мвр
Кривична пријава за стружанец поради предизвикување пожар
17.09.2024 14:36
На 08.09.2024, пријавениот на земјен пат во с. Мислешево запалил сува трева и ѓубриште и заминал од местото, а огнот се проширил и на друг плац во кој имало барака, сопственост на М. К. ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против А.М.(43) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
На 08.09.2024, пријавениот на земјен пат во с. Мислешево запалил сува трева и ѓубриште и заминал од местото, а огнот се проширил и на друг плац во кој имало барака, сопственост на М. К., информира МВР.
