Матичните лекари со проблеми при препишување на новите генерички лекови
Пациентите ги наполнија ординациите на матичните за да им препишат лек од проширената позитивна листа. Ама, дел немаа препорака од специјалист, други збунети околу дозите…

Матичните лекари се соочуваат со проблем при препишувањето на деветте нови генерички лекови за хроничните пациенти. Проблем е што голем дел од нив и нивните дози се даваат со препорака од специјалист. Дел од пациентите имаат, дел не обезбедиле, па дојдоа кај матичните.
Проблем се јавил и при препишување на дозите. Докторката Станоевска вели не е пожелно лековите да се кршат и да се ситнат бидејќи пациентот нема да ја добие соодветната доза, а исто и при ресорпцијата ќе има нарушување.
Голем дел од пациентите на матичните лекари се со хронични болести и купувањето на неколку лека било сериозен удар врз семејниот буџет.
Со новите додадени на позитивната листа хронично болните за еден лек ќе заштедуваат и до 2.000 денари.
Наташа Јанчиќ- Менковски
