Руско - украински конфликт

Нов руски напад врз енергетската инфраструктура на Украина

17.09.2024 18:43

Соборени се 34 од 51 дрон. Москва, пак, тврди дека нејзината противвоздушна одбрана пресретнала 16 дрона над Брјанск и Курск.

Нов руски напад врз енергетската инфраструктура на Украина. Соборени се 34 од 51 дрон. Москва, пак, тврди дека нејзината противвоздушна одбрана пресретнала 16 дрона над Брјанск и Курск.

Русите соопштија дека ослободиле две населби во Курската област, наспроти тврдењата на Зеленски дека операцијата на руското тло се одвива по планот.

Борби и натаму се водат во седум правци. Најтешка е ситуацијата во Курахово и Покровск.

Зеленски се жали дека ветената странска помош за опремување 14 нови бригади, не била доволна ниту за четири