БЛИСКИ ИСТОК
Стотици луѓе се повредени во Бејрут откако експодираа пејџери на членови на Хезболах
17.09.2024 18:52
Стотици луѓе, вклучително и ирански амбасадор, се ранети во предградијата на Бејрут и другите делови на Либан, откако експодираа преносни пејџери користени од оперативци на Хезболах...

Стотици луѓе, вклучително и ирански амбасадор, се ранети во предградијата на Бејрут и другите делови на Либан, откако експодираа преносни пејџери користени од оперативци на Хезболах.
Наводно, уредите за комуникација детонирале откако биле хакирани од израелска страна. Тел Авив не го коментираше инцидентот.
Израелската армија од октомври паралелно со војната во Газа разменува оган и со Хезболах.
