Здравство

Изминатава недела регистрирани 57 случаи на Ковид-19

17.09.2024 20:04

Две третини од заразените се од Скопје, највисока инциденца е регистрирана во Делчево...

Изминатава недела се регистрирани 57 случаи на Ковид-19. Четворица починале, двајца од Скопје, по еден од Битола и од Тетово. Сите четворица се над 70-годишна возраст и не биле вакцинирани, а тројца имале коморбидитети.

Бројот на потврдени случаи е намален за речиси 50 проценти, споредено со претходната недела. Две третини од заразените се од Скопје, највисока инциденца е регистрирана во Делчево. Годинава се потврдени 1.560 заболени од коронавирусот, а починале 20 луѓе.