Службените автомобили на функционерите ќе добијат регистарски таблички со посебна боја
На денешната владина седница донесена е одлука, службените автомобили на Владата, министерствата и на државните институции да имаат регистарски таблички во боја, со цел полесно да бидат забележани од граѓаните...

На денешната владина седница донесена е одлука, службените коли на Владата, министерствата и на државните институции да имаат регистарски таблички во боја, со цел полесно да бидат забележани од граѓаните.
„На предлог на Службата за заеднички и општи работи, беше формирана комисија со цел да започне постапка за измена и дополнување на два важни закона за промоција на транспарентноста и владеењето на правото, односно на Законот за користење и располагање со стварите во државна и стварите во општинска сопственост и на Законот за возила. Со овие измени ќе се воспостави регистар на сите државни патнички моторни возила кои ќе бидат обележани со регистарски таблици во посебна боја за полесно идентификување“, велат од Владата.
