БЛИСКИ ИСТОК

Стејт департмент: САД не се вмешани во инцидентот во Либан

17.09.2024 21:52

Портпаролот на Стејт департментот Метју Милер на редовен брифинг со новинарите рече дека САД не биле вклучени во инцидентите во Либан и дека не знаат кој е одговорен...

Портпаролот на Стејт департментот Метју Милер на редовен брифинг со новинарите рече дека САД не биле вклучени во инцидентите во Либан и дека не знаат кој е одговорен.

„Собираме информации за овој инцидент на ист начин како што тоа го прават новинарите ширум светот, за да добиеме факти за тоа што можело да се случи“, изјави Милер.

Бројот на жртвите во серијата експлозии на пејџерi што ги користеа членовите на Хезболах во Либан се искачи на девет, а меѓу нив е и син на либански пратеник. Речиси 3.000 луѓе се повредени, а повеќе од 200 се во критична состојба.

Хезболах го обвини Израел за експлозиите, велејќи дека тоа е „грешна агресија“ и најави „праведен одговор“. Израел не се огласи и никој од официјалните лица не ги коментираше настаните од попладнево во јужен Либан.