Временска прогноза

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

18.09.2024 08:07

Врнежите ќе бидат пообилни во јужните делови, наместа поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во јужните делови, наместа поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне.