Уставен суд

Балансерот на дневен ред на седницата на Уставен

18.09.2024 08:26

Оспорени се неколку членови во делот „припадност на заедница“ од Законот за вработените во јавниот сектор и од Законот за административни службеници и во делот „припадност на заедница“...

Предметот за балансерот кој е оформен по поднесена иницијатива од стариот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата, денеска на дневен ред на седницата на Уставниот суд. Оспорени се неколку членови во делот „припадност на заедница“ од Законот за вработените во јавниот сектор и од Законот за административни службеници и во делот „припадност на заедница“.

Според ДКСК со примена на оспорените законски одредби се загрозуваат основните слободи и права на човекот и граѓанинот, слободното изразување на националната припадност, соодветната и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници во органите на државната власт и други јавни институции и владеењето на правото загарантирани со одредби од Уставот.

Членовите на Уставен пред конечна одлука, дали да застарува извршувањето на долговите. Невладините бараат да дозволи извршувањето на долговите да застарува за 10 години.