Македонија
Одложена седницата на Комисијата за историски прашања со Бугарија
18.09.2024 08:33
Нема да се одржи поради промената на составот. Првата средба на Комисијата во нов состав се очекува во наредните една или две недели...

Одложена седницата на Комисијата за историски прашања со Бугарија, која беше закажана за денеска. Нема да се одржи поради промената на составот. Првата средба на Комисијата во нов состав се очекува во наредните една или две недели.
На владина седница пред една недела беше сменет составот на Комисијата, а историчарот Ванчо Ѓорѓиев е назначен за нејзин претседател. Тој, и претходно беше член на Комисијата, но пред речиси три години поднесе оставка обвинувајќи за притисоци и за директно мешање во стручната работа од страна на висок функционер во МНР.
