воен конфликт

Украина изврши масовен напад врз Русија

18.09.2024 09:01

Дел од беспилотните летала предизвикаа пожар на магацин за оружје и принудија делумна евакуација на жителите во руската област Твер...

Украина изврши масовен напад со дронови врз неколку руски области. Дел од беспилотните летала предизвикаа пожар на магацин за оружје и принудија делумна евакуација на жителите во руската област Твер. Москва тврди дека соборила над 50 дронови над Курск, Брјанск, Белгород и Ориол. Борбите продолжуваат на неколку фронта. Во истовреме, Врховната Рада на Украина усвои закон за служење воен рок по договор за странци кој ќе овозможи отворање центар за нивно регрутирање. Вашингтон соопшти дека е запознаен со планот за победа на Зеленски. Веруваат дека тој претставува стратегија која може да биде ефикасна во остварувањето на нивните цели.

„Работев заедно со воената команда. Подготвивме добра, силна содржина за воениот пакет – токму она што може значително да ја зајакне Украина во согласност со Планот за победа. Одржав состанок и за нашата флота Ф-16. Има јасна визија за следните чекори за зголемување на бројот на борбени авиони и забрзување на обуката на нашите пилоти“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.