Мундијал

Гостиварец - светски првак во фудбал

14.07.2014 14:15

Германија е новиот светски шампион во фудбал, меѓу освојувачите на трофејот се најде и еден Македонец, тоа Шкодран Мустафи од гостиварското село Срмново.

Тој на својата Фејсбук страница ја псотира својата фотографија со Ангела Меркел и со златниот пехар кој Германија го освои по победата над Аргентина во финалето на Светското првенство во фудбал во Бразил.

Мустафи, не играше во финалето на Мундијалот заради повреда, но на почетокот на првенството беше стандарден првотимец за германската репрезентација.

Мустафи е роден во Германија но неговиот татко е по потекло од Гостивар, па затоа синоќа цел Гостивар беше на нозе, славејќи го триумфот.