Невреме
Португалија се бори со пожари, Италија со поплави
18.09.2024 09:10
Во Пескара веќе се пријавени поплави, а италијанската метеоролошка служба издаде црвен аларм за северниот брег на Емилија Ромања на крајниот југ од земјата...

Додека португалските пожарникари се обидуваат да ги стават под контрола шумските пожари кои пустошат низ земјата, поплавите со кои се соочува централна Европа пристигнаа до Италија. Во поголемиот дел од земјата се издадени предупредувања.
Во Пескара веќе се пријавени поплави, а италијанската метеоролошка служба издаде црвен аларм за северниот брег на Емилија Ромања на крајниот југ од земјата. Во наредните денови на удар се и Хрватска, Унгарија и Словачка.
