Втор ден од вториот уписен рок на УКИМ
Потполнети се само на Архитектонскиот и на Медицинскиот факултет. Годинава голем интерес за изучување на психологијата. За 25 проценти е зголемен и бројот на запишани студенти на градежниот факултет...

А, во земјава, втор ден од вториот уписен рок на најстариот универзитет во земјава, „Свети Кирил и методиј“. Има слободни места. Потполнети се само на Архитектонскиот и на Медицинскиот факултет. Годинава голем интерес за изучување на психологијата. За 25 проценти е зголемен и бројот на запишани студенти на градежниот факултет.
Над 300 студенти помалку од лани и на најмногу бараниот факултет ФИНКИ.
Иселувањето и намалувањето на наталитетот, клучни зошто е намален бројот на запишани студенти. Доколку се продолжи со ваквиот тренд, наредните години состојбата ќе биде уште полоша. Дел од идните студенти, иако поднесоа документи, уште отсега размислуваат да заминат во странство.
