Повторно судење за случајот „Ровер“

14.07.2014 14:25

Бошкоски рече оти не знае за што е осуден и најави тужба за обвинителката, поради, како што рече малтретирање и изживување врз обвинети за непостоечко кривично дело...

Судењето за случајот „Ровер“ во кое поранешниот минисер за внатрешни работи Љубе Бошкоски одговара за помагање во убиство почна отпочеток.

Бошкоски рече оти не знае за што е осуден и најави тужба за обвинителката, поради, како што рече малтретирање и изживување врз обвинети за непостоечко кривично дело. Побара од Судот да донесе ослободителна пресуда.

Апелацискиот суд го врати предметот на повторно одлучување бидејќи во претходната постапка не била докажана умислата и начинот на кој Бошкоски помогнал да се забошоти убиството на Марјан Тушевски и на Киро Јанев.

 

Анита Димитријевска